Илустрација/фото: Pexels / Vidal Balielo Jr

За 70-200 илјади евра, две недели не функционираат операционите сали?!

Додека се чекаат тестовите од Германија, дали компресорите во хируршките сали се безбедни, веќе две недели операционите сали при Универзитетскиот клинички центар во Скопје работат со намален капацитет.

Министерот за здравство Илир Демири за „ТВ21“ изјави дека проблемот би се решил со 70 илјади до 200 илјади евра.

„Станицата која го создава компримираниот притисок мора целосно да се смени, инсталацијата која е стара над 30 години заедно со компримираниот притисок и целосно да се сменат сите приклучоци каде што се поставени уредите за примање кислород или компримиран притисок. , тоа е интервенција која би чинела од 70.000 до 200.000 евра“, рече Демири.

Владата итно да ја смени компресорската станица за да проработат хируршките сали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот