Наполеон Бонапарт / Фото: Profimedia

За 395.000 евра: Граѓанскиот законик на Наполеон Бонапарта продаден на аукција во Париз

Граѓанскиот законик што му припаѓал на Наполеон Бонапарт, кој инсистирал Франција да добие збир на закони што ќе ги стандардизираат животните правила, е продаден за 395.000 евра на аукција во Париз, соопшти аукциската куќа Тажан.

Законикот, чија вредност била проценета меѓу 100.000 и 200.000 евра, ѝ припаѓал на семејството Фрожал, кое е мнозински акционер во компанијата „Лефевр Дало“, специјализирана за издаваштво, обука, софтвер и правни услуги, пренесе „Фигаро“.

„Овој примерок на голем пергаментен папир со монограмот на Првиот конзул е единствениот што се наоѓа во приватни раце. Тој останал во истото семејство од падот на Империјата“, соопшти Тажан.

Станува збор за потомците на верниот слуга на Наполеон, Етиjен Шарве, управител на замокот Сен-Клу, во близина на Париз, каде што Наполеон го оставил овој примерок кога бил принуден да замине во егзил на островот Елба во 1814 година.

Писмо од неговиот син, Жан-Пјер Шарве, кое било продадено заедно со делото, ја потврдува неговата автентичност, наведува Фигаро.

Еден од приоритетите на Наполеон Бонапарта, кога ја презел власта во 1799 година, бил да развие единствен граѓански законик. Во 1800 година именувал адвокати за да ја завршат таа задача. Сите закони што ги содржел биле прогласени во март 1804 година.

„Она што ништо нема да го избрише, она што ќе живее засекогаш, тоа е мојот Граѓански законик“, му рекол Наполеон на еден од своите последни придружници, генерал Монтолон, на островот Света Елена во 1815 година, по неговото прогонство откако бил поразен од коалицијата предводена од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот