За 3 март одложено рочиштето за „Насилство во Општина Центар”

Во овој предмет обвинети се повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски.

Отсуството на вештак од Србија за судскиот предмет за „Насилство во Општина Центар”, е причина зошто не се одржа денешното рочиште за овој случај. Минатото рочиште обвинителот Гаврил Бубевски го најави вештакот од Белград, откако одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески, побара истиот да биде присутен во судница и да го објасни вештачењето за бомбите во овој предмет. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 3 март.

Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, кој сега се води од скопското обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот