Вујовиќ доби нов договор, а сега ќе биде и тренер на шампионот во Иран?

Фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski POLAND OUT

Веселин Вујовиќ работи добро на клупата на репрезентација на Иран и со оваа селекција се пласираше во втората фаза на Светското првенство минатиот јануари.

Пласманот во втората фаза беше прв во историјата на оваа репрезентација, па набрзо потоа како награда екс-стратегот на Вардар доби нов договор. Искусниот 62-годишен тренер со иранската Федерација го продолжи договорот до летото 2024 година, односно до крајот на олимпискиот циклус.

Сега според информациите на специјализираниот сајт за ракомт „Balkan-Handball“, Вујовиќ ќе биде тренер и на иранскиот шампион, Сепхан. Засега не се открива каков договор постигнал Вујовиќ со иранскиот клуб.

Вујовиќ освен во Македонија, селектор беше и на репрезентациите на Србија и Словенија, додека во клупската кариера водеше клубови во БиХ и Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот