Вујовиќ: Македонија е моја втора татковина, Вардар ми е во срцето

Веселин Вујовиќ ги повикува навивачите што побрзо да си обезбедат билети за новата сезона/Фото: Слободен печат

Веселин Вујовиќ од денеска е нов тренер на Вардар 1961. Вардар во штотуку завршената сезона ја освои двојната круна во домашните натпреварувања, додека делумно неуспех се резултатите во Лигата на шапионите каде „црвено-црните“ се елиминирани од Веспрем, додека во СЕХА лигата ги очекува двомеч со Загреб за пласман на завршниот турнир.

– Со Вујовиќ се видовме пред месец и половина во Беград на кој имавме искрен разговор на кој му ги претставив целите на Вардар за следната сезона. Му дадов време да размисли, а потоа му кажав на Стевче Алушовски дека ќе ја доработи сезоната. Вујовиќ размисли, ја гледаше екипата на последниот натпревар по што падна договор. Мислам дека го направив вистинскиот збор иако имаше и понуди од неколку други тренери кои се нудеа да седнат на клупата – вели првиот човек на Вардар Михајло Михајловски.
Миленикот на Комитите по трет пат доаѓа на клупата на Вардар и во Македонија која ја чувствува како втора татковина.
– Можам да каѓам дека е трета етапа во вардар и се надевам дека ќе биде успешна како и во минатото. Се случија неколу работи од моето заминување, но некои работи не се сменија. Вардар стана европски шампион, стана бренд и ракометарите сакаат да дојдат во Вардар.  Сметам дека Вардар е предизвик за мене и со комбиниран тим да се обидеме да ги реализираме целите. Веќе се фатив за работа и денеса го следев тренингот на младите ракометари, а ќе имам средба и со македонските ракометари и репрезентативци бидејќи сметам дека не треба да се носат секакви странци, односно во Вардар треба да дојдат екстра засилувања.
За Вардар помина најлошото, помина времето кога на клубот му се закануваше да згасне, очекувам соработка со сите, Ова е враќање  во мојата втора татковина,Вардар ми е во срцето. Во јули ги започнуваме подготовките за следната сезона и мене ми е чест и задоволство повторно да бидеме заедно – вели Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот