Вучиќ: Високо политизирана резолуција за Сребреница, ги повикувам сите земји да не гласаат

Photo: TANJUG

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на Генералното собрание на ОН, каде се гласа за резолуцијата за Сребреница, порача дека станува збор за високо политизирана резолуција и ги повика сите земји членки да не гласаат.

„Зошто ги повикувам сите во оваа сала да гласаат против резолуцијата – ова е многу политизирана резолуција и би сакал да поставам три прашања на кои не слушнавме соодветни одговори од главните автори на оваа резолуција, од Германија“, рече Вучиќ.

Тој праша зошто се усвојува оваа резолуција.

Генералното собрание на Обединетите денеска гласа за резолуцијата со која ќе се одреди „Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница“.

Спонзорирана од Германија и Руанда, резолуцијата има за цел да создаде предлог за воведување Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и повикува на безрезервно осудување на секое негирање на геноцидот во Сребреница и повикување на членките на ОН да ги зачуваат утврдените факти за настаните околу масакр на повеќе од 8.000 мажи и момчиња, босански муслимани, во јули 1995 година во и околу Сребреница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот