Александар Вучиќ / Фото: EPA/EFE / Koca Sulejmanovic

Вучиќ: Важна земја ѝ дозволи на Србија да ги увезе најмоќните ракети кои се дел од „железните куполи“

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно алудираше дека „воената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово е насочена исклучиво против Србија“, додавајќи дека во случај на ескалација на конфликтот со Русија „не се знае кои и колку војници ќе мора да одат на источниот фронт“, а Србија како неутрална држава, според него, би била „изложена на притисоци од неименувани сили кои би сакале да ја прегазат“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговиот прв впечаток од годинашната Минхенска безбедносна конференција е дека „сите зборуваат дека сакаат мир, а всушност сите го сакаат поразот на другата страна“, додавајќи дека наводно Србија добила дозвола од „една моќна земја да се вооружува со нејзините ракети“, пренесе „Нова“.

Вучиќ тврди дека „европските претставници повторуваат оти војната во Украина наскоро ќе заврши со пораз на Русија“. Тој за провладините медиуми изјави дека во моментов е „тешко рационално да се разговара со Европејците“, бидејќи, како што рече, воопшто не ја гледаат другата страна – бројот на загинати Украинци, како и фактот дека таа држава добила огромна воена помош од Западот.

– Сите зборуваат за стратешки пораз на Русија. Можно е да имаат право, но јас не сум сигурен каде тие ја гледаат својата победа… (Ги прашав) дали мислите дека војната може да трае вечно или дека Русија може да си дозволи да изгуби? Европа почнува да зборува, дали со вистинска или со лажна самодоверба, дека може да се вклучи во глобалната игра, тоа се чувствува на секој чекор, и преку јакнење на конкурентноста и преку вооружување – изјави Вучиќ.

Вучиќ од Минхен: Германија ќе стане најголема воена сила во Европа

„Воената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово е против Србија“

Тој повторно алудираше дека „воената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово е насочена исклучиво против Србија“, додавајќи дека во случај на ескалација на конфликтот со Русија „не се знае кои и колку војници ќе мора да одат на источниот фронт“, а Србија како неутрална држава, според него, би била изложена на притисоци од неименувани сили кои би сакале „да ја прегазат“.

Вучиќ додаде дека се надева оти нема да дојде до поширок конфликт, но оцени дека јазот меѓу САД и ЕУ се продлабочува, како и дека Европа работи на развој на сопствени одбранбени капацитети.

Тој најави дека денес ќе има средба со германскиот министер за надворешни работи и со еврокомесарката за проширување Марта Кос, а пред службената посета на Казахстан ќе помине „два дена во обиколка на фабриките на наменската индустрија“.

„Важна земја ѝ дозволи на Србија да ги увезе најмоќните ракети“

Вучиќ додаде дека Србија добила дозволи од „една важна земја за увоз на најмоќните ракети што се дел од нивните системи за воздушна одбрана“, познати како „железни куполи“.

– Од една важна земја добивме дозволи за увоз на најмоќните ракети што ги сочинуваат нивните „железни куполи“ и одбранбени системи. Се разбира, јас никогаш не сум задоволен и ќе продолжиме да се вооружуваме… И во говорот на германскиот канцелар Мерц слушнавме дека воената сила е одраз и на економската и на политичката моќ – изјави тој.

Тој се повика и на говор на германскиот канцелар Мерц, во кој било истакнато дека воената моќ е одраз и на економската и на политичката сила.

Вучиќ не коментираше зошто наводно бил спречен неговиот состанок со Трамп

Коментарите на британскиот „Дејли мејл“, според кои шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Сузи Вајлс, го спречила неговиот состанок со Трамп поради личен анимозитет кон специјалниот пратеник Ричард Гренел, Вучиќ одби да ги коментира. Тој само рече дека таа „ги демантирала сите тврдења што се однесуваат на него“ и дека денеска ќе се сретне со повеќе американски сенатори.

Осврнувајќи се на изјавата на потпретседателот на Социјалистичката партија на Србија, Бранко Ружиќ, дека таа партија отсекогаш „градела мостови“ и дека е единствената што може да соработува со повеќе политички актери, Вучиќ рече дека Ружиќ формално и официјално е втор човек во таа партија и дека така зборувал во официјален капацитет.

– Најголемиот дел од оние што гласаат за СПС се исклучително чесни луѓе, кои го поддржуваа и Милошевиќ, но еден дел од партијата смета дека заслужува повеќе власт, па затоа им се нуди на блокадерите. Како што реков, на крајот сите ќе се обединат против една листа, а ноќта по изборите, ако имаат само еден глас повеќе, сите би преминале на нивна страна – изјави Вучиќ.

Мицкоски се сретна со Кошта во Минхен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот