Izvor: N1

Вучиќ од Минхен: Германија ќе стане најголема воена сила во Европа

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на отворањето на 62. Минхенска конференција за безбедност, а по добрите и содржајни разговори ѝ се обрати на јавноста, пренесуваат српските медиуми.

„Бев на многу минхенски конференции, освен кога доаѓаа американските потпретседатели, ми се чини дека никогаш немало ваква гужва. Го слушав канцеларот, многу новини, што ние не ги следиме ревносно и со многу детали, а би требало да го правиме тоа“, порача Вучиќ и додаде: „Ме очекува вечера на која ќе бидат 20 премиери, претседатели и влијателни луѓе, а потоа ќе се сретнам со Жељка Цвијановиќ, да поразговараме за нешто. Напорен ден, но она што е важно е да ја унапредиме соработката меѓу Србија и Кина во сите области. За нас е важно да го поттикнеме технолошкиот напредок во однос на роботите, да научиме многу од доменот на вештачката интелигенција“, истакна тој.

Претседателот вели дека разговорот со Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет, не бил едноставен.

„Поставив прашања поврзани со воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб, нека ми каже некој една реч за сето тоа. Пред да тргнат во акција, се надевам дека ќе добијам одговор. Она што го рече Мерц, тоа е најважната вест. Го критикуваше МАГА движењето во однос на тарифите, бидејќи тоа не е политика на ЕУ, Америка во однос на ставот кон СТО, во однос на климатските промени. Многу силно против Русија, до степен што бев малку изненаден. Силно ја поддржуваат Украина, јасно велат дека Русија е исцрпена и дека треба да биде исцрпена затоа што тоа ќе доведе до нејзин пораз“, порача Вучиќ.

Мерц зборуваше за создавање силна Европа, за првпат рече дека Германија убедливо ќе стане најсилната в воена сила во Европа, порача Вучиќ.

„Изрази негативен став кон Виктор Орбан со надеж дека ќе ги изгуби изборите. Смета дека со Путин не треба да се разговара додека Русија не биде целосно исцрпена. Русија оваа година првпат ќе има негативен економски раст. Но тоа води кон дополнителни судири. Овде Зеленски е најголемата ѕвезда, никаде не е така освен овде во Минхен. Се плашам дека крајот на војната во Украина нема наскоро да го видиме. Клучните проблеми се во териториите, Русите сакаат документ дека нешто е нивно, а Украина тоа не го прифаќа“, заклучи претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот