EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

Вучиќ од САД: Медиумските тактики за мое оцрнување и на Трамп се исти

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли критиките на ЕУ за неговото најавено присуство на парадата на 9 мај во Москва, обвинувајќи го Брисел дека е опседнат со неговите постапки, објави бриселскиит портал ЕУалајв.

Вучиќ вчера во Мајами, каде што присуствуваше на митинг на владејачката Републиканска партија на САД, изјави дека медиумската кампања против американскиот претседател Доналд Трамп „ги користи истите тактики, наративи и суштина“ како кампањата против него во Србија.

Вучиќ исто така рече дека студентските протести во Србија се „тажна слика од минатото“.

Повлекувајќи паралели со политиката на САД, Вучиќ сепак призна дека „сè уште има помала тежина“ од американскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот