Александар Вучиќ, претседател на Србија / Фото: MILAN ILIC/BETAPHOTO / Sipa Press / Profimedia

Вучиќ: Не одам во Брисел, ги штитам интересите на Србија

Србија нема да има свој претставник на меѓувладината конвенција во Брисел за првпат по тринаесет години, потврди претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пишуваат српските медиуми.

„Нема да си одам, ќе го имаат Западен Балкан без Србија. Ја донесов таа одлука, да нагласам, бидејќи не сакам владата да трпи притисок. Разговарав со најголем број европски лидери. Бесконечно сум им благодарен на Макрон, Урсула, Кошт“, рече Вучиќ.

 

„Имав долг разговор со Макрон синоќа, и она што го правам, го правам за граѓаните на Србија. Мислам дека ја штитам Србија и нејзините интереси, мора да покажеме што сме направиле. Ќе продолжиме по европскиот пат додека сум претседател, а потоа ќе видиме“, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот