Вучиќ на трилатералниот самит во Виена, вечерта во Белград кај Рама

Фото: ТВ Хепи / принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Виена ќе учествува на трилатералниот самит на Србија, Австрија и Унгарија, а вечер во Белград ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, јавува РТС.

Претседателот Вучиќ е во еднодневна посета на Виена, каде што ќе учествува на трилатерален самит со сојузниот канцелар на Република Австрија, Карл Нехамер и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Вучиќ синоќа на Инстаграм напиша дека ќе има многу значајни средби во главниот град на Австрија, на кои ќе присуствуваат и министерот за полиција Братислав Гашиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и неговата екселенција амбасадорот Небојша Родиќ.

Потоа, Вучиќ во 19 часот и 30 минути во вилата „Мир“ ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рам, кој вчера беше во Приштина. По средбата меѓу Вучиќ и Рама, предвидено е двајцата државници да се обратат пред медиумите.

Рама вчера во Косово се сретна со претседателката Вјоса Османи и со претседателот на косовското Собрание Гљаук Коњуфч, но не и со премиерот Албин Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот