Вучиќ им одговори на Курти и фон Крамон: Дали ќе ме обесите во Вашингтон или Берлин?

Александар Вучиќ „Отворен Балкан“
Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска одговори на последните изјави на премиерот на Косово Албин Курти и неговата закана за обединување со Албанија, пишува Новости.рс.

Вучиќ се запраша како би било ако го каже тоа за обединување со некои други територии.

Дали ќе ме обесите во Вашингтон или Берлин, само знам дека немаше да можам да живеам ниту еден час додека не започнеше потерата. Што се однесува до Албанците, тоа не е ништо ново за нив.

Што се однесува до Виола фон Крамон, Вучиќ вели дека не кажала ништо што веќе не е објавено во Србија, а таа за секое прашање зборувала само во „тајкунските медиуми“.

Не и падна на памет да ги критикува изјавите на Албин Курти за Голема Албанија. Тоа покажува колку тие немаат добри намери кон Република Србија – рече Вучиќ.

Курти: Би гласал за обединување со Албанија, ама на демократски референдум

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот