Курти: Би гласал за обединување со Албанија, ама на демократски референдум

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за онлајн магазинот „Монокл“ изјави дека во иднина би гласал за обединување со Албанија но само ако таквиот референдум се спроведе мирно и демократски, пренесува Газета Експрес.

Курти вели дека централниот дел од идната сеопфатна спогодба меѓу Косово и Србија треба да биде меѓусебно признавање, пренесува Косово Онлајн.

-Сега имаме обострано непознавање, но мораме да се познаваме. Затоа можеме прво да имаме изјава во која нема да се напаѓаме едни со други. Исто така сметам дека ЕУ е важен фактор кој може да обезбеди рамка за идна спогодба оти таа мора да биде заснована врз духот на европските вредности, закони и поредок, демократизацијата и соочувањетѕо со минатото, вели Курти.

Прашан за односите со поранешните лидери на ОВК на кои им се суди во Хаг, вклучително и Хашим Тачи, Курти вели дека не е задоволен што на Тачи му се суди во Хаг и дека би сакал тој да се соочи со правдата во Косово за корупција.

-Поранешниот претседател Тачи сакаше да ја монополизира историјата за лична добивка. Никогаш не сум го спорел неговиот придонес за време на војната, но потоа се случија некои работи и некои лидери на ОВК со политичката моќ почнаа да стекнуваат материјално богатство, вели Курти.

Според него, трајниот мир и стабилност во регионот е најбрз и најдобар пат за шесте земји од Западен Балкан заедно да се интегрираат во ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот