Вучиќ: Црвена Звезда и Партизан ја рекетираат државата

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во едно свое гостување на национална телевизија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ зборуваше и за српскиот спорт.

Секако во таква ситуација во центарот на вниманието беа најголемите српски клубови. Според зборовите на Вучиќ многу подобро би било кога Партизан и Црвена Звезда би биле во приватна сопственост.

„Нашиот најголем проблем е што не можете да ги приватизирате клубовите (најголемите), никој не сака да вложува пари таму каде што навивачите и раководството на клубот го имаат главниот збор. Ние сме им спонзори и тоа е рекет кој Партизан и Црвена Звезда го земаат од државата. Здрав систем ќе има тогаш кога ќе имаме приватни сопственици на овие клубови. Видете ги Чукарички, ТСЦ, Мега…тие ништо не добиваат од државата“, изјави Вучиќ.

Оваа изјава на Вучиќ можеби е малку и изненадувачка ако се знае дека во минатото често зборуваше дека е горд што државата со инвестиции помогнала во успесите на двата најголеми српски клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот