Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ: Ако се користел звучен топ – јас повеќе не сум претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Пинк изјавил дека нема да биде шеф на државата ако се утврди дека безбедносните сили користеле звучни топови на протестот одржан на 15 март.

“Тука да ви кажам сега – ако нашите сили користеа звук топ, Вител, како и да се вика… Јас повеќе не сум претседател. Вие мизерни лажливци, засрамете се”, рече тој.

Потпретседателот на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепић, објави фотографија тврдејќи дека на неа е прикажан звучен топ употребен за време на протестот на 15 март во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот