Вучиќ ѝ даде 50 дена на Русија да најде нов газда на НИС

Српскиот претседател Александар Вучиќ посочои дека доколку Русија не најде нов сопственик на нафтената компанија, Србија по истекот на рокот ќе воведе своја управа во НИС и ќе им понуди на Русите највисока можна цена за компанијата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Владата на Србија на вчерашната седница едногласно го усвоила неговиот предлог да ѝ даде рок од 50 дена на руската страна да најде нов сопственик за Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави „Н1“.

Доколку тоа не се случи, Србија по истекот на рокот ќе воведе своја управа во НИС и ќе им понуди на Русите највисока можна цена за компанијата.

Инаку, според српскиот економски експерт Владан Павловиќ, руските сопственици воопшто немаат намера да ја продадат НИС бидејќи никогаш не ја продале, а веројатно „повторно ќе ја дознаеме оваа стара вест оваа недела“.

Српски експерт: Русија нема намера да се повлече од НИС

Рускиот претседател Владимир Путин има на располагање низа мерки со кои, ако сака и ако процени дека му е во интерес, може економски и политички да влијае врз случувањата во Србија доколку не му се допадне решението што Србија ќе го избере за проблемот со Нафтената индустрија на Србија (НИС) поради американските санкции, сметаат некои експерти.

Што може да направи Путин ако Вучиќ го разгневи за НИС?

Претходно САД побараа од српската влада бара руското сопствеништво целосно да излезе од компанијата.

По неколку одложувања, американските рестрикции кон НИС стапија во сила минатиот месец.

НИС претставува еден од клучните столбови за функционирањето на целокупната српска економија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот