Вучиќ: За вакцинираните дополнителни 3.000 динари, платено боледување и сертификат за патување

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Како што посочи, сите над 16 години, кои ќе бидат вакцинирани со една или две дози до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека покрај најавените 60 евра, сите оние граѓани кои се вакцинирани ќе добијат дополнителна финансиска помош од државата од 3.000 динари (26 евра), јави дописникот нас МИА од Белград.

-Се консултирав со премиерката и оценивме да не можеме да донесеме насилни одлуки во врска со вакцинацијата. Размислувавме како да ги наградиме луѓето кои покажаа одговорност. Донесовме одлука да им дадеме дополнителна финансиска помош на луѓето кои се вакцинирани, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Како што посочи, сите над 16 години, кои ќе бидат вакцинирани со една или две дози до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари.

-Ние сакаме да постигнеме колективен имунитет за да се посветиме на работата – посочи Вучиќ и додаде дека вакцинираните лица ќе имаат право и на платено боледување, додека оние кои не примиле ниту една доза нема.

-Ќе има и други работи што Владата ќе ги разгледа. Ако сте биле заразени и сте примиле две вакцини, по туѓа вина, имате право ако сте во државно тело, војска или слично, ќе имате право на боледување. А, ако не сте вакцинирани, нема да имате платено боледување, кажа Вучиќ.

Тој кажа дека досега 3.150.000 граѓани се пријавиле за државна помош, што е со пензионерите и примателите на социјална помош повеќе од пет милиони луѓе.

Тој денес потврди дека српските граѓани кои биле ревакцинирани против коронавирусот ќе можат да патуваат во Унгарија, Грција и Турција и дека во тек се преговори со неколку други земји за билатерално прифаќање на сертификатот за вакцинација на Србија, што ќе го олесни патувањето.

-За патување во тие земји нема да биде потребен негативен ПЦР тест, туку само сертификат од Србија дека се ревакцинирани, а во тек се преговори со Русија, Кина и други земји за постигнување билатерални договори за признавање на сертификатот.

Вучиќ изјави дека се надева дека од 7 или 8 мај ќе може да се отворат рестораните во Србија бидејќи пандемиската состојба сега е подобра отколку во претходниот период.

Тој додаде дека се надева дека ситуацијата дополнително ќе се подобри и дека од јуни или јули ќе може да се организираат и свадби и венчавки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот