Вучиќ: Србите може да здивнат, нема меѓусебно признавање

Ова не е трилатерален договор, туку билатерален. Третата страна не е призната како субјект на меѓународното право, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, по потпишувањето на економскиот договор со Приштина во Белата куќа, пренесе „Б92“.

„Албанците рекоа дека ќе потпишат ако се врати 10. точка. Нема меѓусебно признавање, Србите може да воздивнат. Кога е во прашање ‘мини-шенген’ имавме некои забелешки, го мешаа со Шенжен, не разбравме баш ниту ние ниту Американците“, рекол Вучиќ, објави „Б92“.

Потпишан економскиот договор меѓу Белград и Приштина во Белата куќа (ВИДЕО)

„Ова е добар договор за Србија. Искрено сум задоволен, како и сите членови на делегацијата, со тоа што го постигнавме“, рекол тој.

Тој истакнал дека станува збор за билатерален договор со САД.

-Ова не е трилатерален договор. Разликата е важна. Ова е договор кој Србија го направи со САД, третата страна не е призната како субјект на меѓународното право, што е важно за нас- рекол српскиот претседател.

Според договорот, Косово една година нема да може да бара членство во меѓународни организации, а Србија нема да бара повлекувањето на признавањето на Косово од страна на други држави.

„Нашите домаќини (САД) мислеа дека треба да го повикаме Израел да ја признае независноста на Косово. Ние кажавме дека не можеме да го направиме тоа. Одигравме на следниов начин – имаме два договори. Ако ја почитувате Србија ние за една година ќе ја преселиме амбасадата кај вас, ќе покажеме почитување кон Израел, но нема да учествуваме во она што потпишаа со Албанците“, рекол Вучиќ.

Тачи го поздрави договорот со Србија: Косово ќе продолжи да работи на економскиот развоj

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот