Тачи го поздрави договорот со Србија: Косово ќе продолжи да работи на економскиот развоj

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Го поздравувам денешното потпишувањето на договорот помеѓу Косово и Србија во Вашингтон, напиша на својот Твитер налог претседателот на Косово, Хашим Тачи.

-Благодарност до Белата куќа, Доналд Трамп и Ричард Гренел, за нивното лидерство во овој процес. Косово сега ќе продолжи да работи на економскиот развој, работните места и понатамошна домашна и меѓународна консолидација- стои во твитот на Тачи.

Како што пренесува „Блиц”, според договорот потпишан во Вашингтон денеска, Приштина, меѓу другото, ќе се приклучи на иницијативата за „мини Шенген”, без одлагање ќе започне изградбата на нови патишта и пруги, што подобро ќе го поврзе регионот, а во Белград ќе биде отворена канцеларијата на Американскиот фонд за развој.

По средбата во Белата куќа, Вучиќ и Хоти треба да се сретнат одделно со американскиот државен секретар Мајк Помпео, објави Гласот на Америка.

Потпишан економскиот договор меѓу Белград и Приштина во Белата куќа (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот