Потпишан економскиот договор меѓу Белград и Приштина во Белата куќа (ВИДЕО)

Српските медиуми пренесуваат дека во Белата куќа е потпишан економски договор меѓу Белград и Приштина. Асистентот на американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека Србија и Косово во Вашингтон потпишале договор за економска нормализација.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, стигна во Белата куќа во 17 часот по средноевропско време.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека ова е историски ден, многу важен ден во кој Србија и Косово постигнаа економска нормализација, за која со години и децении никој не веруваше дека ќе се случи.

Приштинската делегација пристигнала околу 17 и 38 часот.

По потпишувањето на договорот, во Овалната соба Трамп ќе одржи краток состанок со Вучиќ и косовскиот премиер, Авдулах Хоти, објавија српските медиуми.

Трамп требаше да одржи состанок со Вучиќ и Хоти во 17 часот, но приштинските медиуми објавија дека Хоти доцнел по предупредувањата од Приштина дека Владата ќе падне ако договорот биде потпишан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот