Вучиќ: Србија и ОАЕ имаат четири вида вакцини на располагање

Обраќајќи им се на медиумите, Вучиќ рече дека вакцините АстраЗенека, што денеска пристигнаа во Србија, се резултат на билатерален или трилатерален договор.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска посочи дека ревакцинацијата е од клучно значење и изрази верување дека ќе бидат вакцинирани и ревакцинирани 1,1 до 1,2 милиони луѓе, што е 20 отсто од возрасната популација, пред да пристигнат вакцините од програмата Ковакс. Вучиќ го пречека авионот со вакцините на „Астра Зенека“ на аеродромот „Никола Тесла“ нешто пред осум часот.

Во првиот контингент беа доставени 150.000 дози. Обраќајќи им се на медиумите, Вучиќ рече дека вакцините АстраЗенека, што денеска пристигнаа во Србија, се резултат на билатерален или трилатерален договор.

Тој рече дека вакцините пристигнале од Истанбул, нагласувајќи дека Србија, заедно со Обединетите Арапски Емирати, е единствената земја што има повеќе од три вида вакцини на располагање.

„Потребно беше многу напор, но успеавме благодарение на нашите пријатели од Велика Британија и Индија. Го молев Борис Џонсон и некои други луѓе, да не откривам баш сè. Им благодарам за поддршката и вниманието што и го посветија на малата Србија“, рече Вучиќ пред новинарите на аеродромот.

На прашањето кога ќе пристигнат вакцините од програмата Ковакс, тој рече дека околу 100.000 вакцини на АстраЗенека можно е да пристигнат во првата половина на март.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот