Вучиќ најави нова финансиска помош за угостителите, хотелиерите и туристички агенции

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Туристичките агенции, хотелиерите, угостителите, ќе добијат по една минимална плата. Ова ќе биде брза исплата за 72.500 луѓе, рече вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за РТС.

– Ова е важна мерка што ја носиме, а исплатата ќе биде во следните 10 дена – рече тој и додаде:

„На 17 и 18 декември на сите пензионери во Србија ќе им исплатиме 5.000 динари еднократна помош. Од 1 јануари пензиите ќе бидат зголемени. Знам дека за голем број пензионери таа помош е од огромно значење и дека ќе биде многу корисна за околу 800  илјади пензионери”.

Вучиќ зборуваше и за новите мерки донесени од Владата на Србија.

– Владата беше непослушна, а претседателот е виновен затоа што угостителските објекти не се затвораат во 17 часот туку во 18 часот, како што побара медицинскиот дел од Кризниот штаб. Сите членови на Кризниот штаб прават фантастична работа, а немаат ништо од тоа, освен напади на оние кои не можат да одат во кафулиња кога сакаат. Во нашата земја, од почетокот на корона криза, нема недостаток на било каква стока, никогаш не сте ги виделе рафтовите празни. На дневна основа, Србија плаќа измеѓу 735 илјади до 760 илјади евра. Во болниците нема недостаток на ниту еден лек. За пациентите се грижат фантастични лекари и медицински сестри. Дали сме секогаш фер кон нашата земја? Сè уште сме најдобри во Европа во однос на економскиот раст. Ќе издржиме за викендот, можеби ќе биде последниот викенд кога ќе бидат применети овие мерки – објасни Вучиќ.

Европската комисија, додава тој, вели дека Србија добро ги спроведе мерките.

– Мораме да најдеме начин некако да му помогнеме на приватниот сектор во текот на јануари. Повеќе сум за тоа да одиме со еднократни придобивки, дури и да се тоа мали. Не е целта да се бориме од избори до избори, туку да имаме стабилна економија. За следната година предвидуваме стапка на раст од најмалку шест проценти – вели Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот