Вучиќ му одговори на Бајден: Меѓусебно признавање со Косово не стои во ниту еден акт

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за честитката за Денот на државноста на Србија, во која покрај останатото тој недвосмислено повика на меѓусебно признавање на Србија и Косово, порачувајќи дека веќе еднаш кажал во Вашингтон што мисли за признавањето и дека неговиот одговор нема да биде поинаков, јави дописникот на МИА од Белград.

– Добив честитка од претседателот Бајден. Ви благодариме за честитките. А што се однесува до меѓусебното признавање, тоа не е наведено во актот на ниедна светска организација. Ние разбираме дека ова е нова американска политика. Имаше обид тој термин да се наметне како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение во Вашингтон. Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков, изјави Вучиќ.

 -Што јас би можел да им упатам за 4 јули? Многу идеи ми паѓаат на ум. За нас денешниот празник Сретение господово е важен датум, почнавме и направивме многу за Сретение господово, затоа тоа е поважно за нас отколку американските и албанските желби – кажа Вучиќ.

Тој оцени дека „сето тоа не е пријатно затоа што е јасно дека целата американска администрација ќе оди во таа насока, но гледам дека тие не брзаат да ги забрзаат Албанците да ги исполнат своите обврски.”

– И верувајте ми, ќе имав многу да ви одговорам, но тоа на нашата земја не би и донесло голема среќа – истакна Вучиќ.

Бајден му го честиташе Денот на државноста на Вучиќ и посака да го признае Косово

Тој исто така, оцени дека „работите се комплицираат” околу Косово и Република Српска.

Коментирајќи ја изјавата на поранешниот косовски премиер и лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, за обединување на сите Албанци, Вучиќ кажа дека Харадинај е „многу опасен човек” кој не лаже кога зборува за обединувањето на Косово и Албанија.

– Харадинај е сериозен политичар и многу опасен човек, во секоја смисла. Премногу сум мал за да можам да им се спротивставам на сите во соседството или на најголемата светска сила која од нас бара меѓусебно признавање, но доволно сум голем за да не учествувам во понижувањето на сопствениот народ или уривањето на сопствената држава – кажа Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот