Ву: Кина се обидува од Тајван да направи иден Хонгконг

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Кина се обидува од демократската територија Тајван да направи „иден Хонгконг”, изјави тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву по средбата со американскиот министер за здравство Алекс Азар.

– Нашиот секојдневен живот е се потежок додека Кина продолжува да врши притисок врз Тајван да ги прифатиме нејзините политички услови, услови кои од Тајван би направиле иден Хонгконг, посочи Ву.

Посетата на Азар на Тајван ја осуди Пекинг, истакнувајќи дека го загрозува мирот.

Азар, кој е во тридневна посета, е највисок американски претставник во посета на Тајван од 1979 година, кога САД ги прекинаа дипломатските односи со Тајпеј за да ја признаат комунистичката влада со седиште во Пекинг, како единствен претставник на Кина.

Посетата на Азар е во момент на зголемени тензии помеѓу Пекинг и Вашингтон за повеќе теми, од Хонгконг, до трговските прашања и новиот коронавирус.

Азар за време на посетата ја пофали тајванската демократија и борбата против Ковид-19. Тој упати критика кон ставот на Кина за пандемијата, која се појави на нејзина територија и нејзиниот авторитативен модел на владеење.

Тајванското Министерство за одбрана вчера соопшти дека кинески авиони ловци на кратко ја преминале централната линија на Тајвански Залив, која Тајпеј и Пекинг ја сметаат за своја „граница”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот