Фото: EPA/GEORGIA PANAGOPOULOU

Второ МВП признание за Бугаринот: Саша Везенков е најдобар играч во Евролигата

Кошаркарската Евролига го прогласи Саша Везенков (30) од редовите на Олимпијакос за најкорисен играч (МВП) на сезоната.

Ова е второ МВП признание за бугарскиот интернационалец, по онаа во 2023 година, кога исто така го носеше дресот на грчкиот клуб.

Крилниот центар имаше просек од 19,4 поени, 6,6 скока и 1,2 асистенции во 34 одиграни натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната. Играше во просек 28 минути по меч.

Везенков го предводеше Олимпијакос до првото место на табелата со биланс 26-12, а сега се соочува со својот најголем предизвик во сезоната и обидот да ја освои Евролигата за прв пат и да му донесе на клубот од Пиреја трофеј што го чека од 2013 година.

Олимпијакос ќе се сретне со Монако во четвртфиналето од плејофот и ќе има предност на домашен терен во серија што ќе се игра до три победи.

Доколку се пласираат на Фајналфорот во Атина, Олимпијакос ќе се соочи со победникот од серијата Фенербахче-Жалгирис во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот