Вториот тим на Е. Пелистер ќе има нови голмани за следната сезона

фото: РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер 2 ја освежи голманската позиција со нови двајца чувари на мрежата за следната сезона, тоа се Мартин Јовановски и Василије Печурица.

28-годишниот Јовановски е производ на познатата битолска школа на голмани кој се враќа во матичниот клуб од германскиот Дансенберг, а претходно настапуваше за Струга, Охрид и алжирски Петролиер. Maртин Јовановски се обврза на договор на две години.

Василије Печурица е 18-годишен младински репрезентативец на Црна Гора  во Битола доаѓа од Струга, а претходно настапуваше и за Будуќност. Печурица стави потпис на четиригодишен договор со битолскиот суперлигаш.

Двајцата ракометари ќе пристигнат на подготовките за новата сезона на 20 јули, а потоа и официјално ќе бидат претставени пред медиуми.

Покрај овие две нови имиња, од следната сезона Еурофарм Пелистер 2 ќе биде посилен и за средниот бек Мартин Ивановски, кој доаѓа од Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот