Фото: mtftennis.mk

Наши млади тенисери се враќаат од Анталија – турнирот е прекинат, не било безбедно

Младите македонски тенисери (до 14 години) изминатиов период настапија на развојните шампионати во Анталија, Турција. По одигрувањето на првиот турнир, вториот турнир по само еден ден беше прекинат од безбедносни причини, поради војната на Блискиот Исток. Инаку, не беше прекинат само овој турнири, туку и сите кои беа во организација на ИТФ (сениорски и јуниорски).

На првиот турнир забележителен настап имаше Андреј Темов, со две полуфиналиња во сингл и двојки, притоа треба да се напомене дека Арас Јалчинкаја од Турција заврши како победник, а во мечот со Темов најтешко стигна до победата.

Покрај Темов, беа присутни и Василиј Закоски кај момчињата, како и Деа Крстевска и Ведрана Таневска кај девојчињата. Тие беа дел од групата од 40 тенисери и тенисерки од 10 држави.

За време на престојот во Анталија и тренерите работеа во повеќе групи и со различни натпреварувачи, кои пак ги откриваа и тајните на тениската игра, како и тоа што значи подготовка за настап на еден турнир.

Дел од учесниците на развојниот шампионат имаа можност да се запознаат и со украинската тенисерка Катарина Заватска, која пак во истиот период настапуваше на ВТА 125 турнирот во Анталија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот