Општина Центар/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Втор повик за платена студентска пракса во Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информира дека во тек е вториот јавен повик за практикантска работа во локалната самоуправа каде можат да се пријават студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет. Заинтересираните практиканти ќе работат во текот на наредните шест месеци со месечен надоместок од 15.000 денари.

„Ги повикувам сите студенти од овие факултети кои се заинтересирани да се пријават, ајде заеднички да работиме на наш поубав Центар. Ова е одлична можност за студентите, покрај теоретското знаење кое го стекнуваат на факултет, тие ќе се стекнат и со практична работа која може да биде шанса за ново вработување”, вели Герасимовски.

Јавниот повик ќе биде отворен до 20 јули, новите практиканти ќе почнат со работа на 1 август. Од првиот повик, четворица практиканти се веќе почнати и секојдневно во секторите на општината ја извршуваат својата практикантска работа.

Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студент или апсолвент, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија во архивата на Општината секој ден од 09:00 до 15:00 часот.

За дополнителни информации се достапни телефонски броеви и мејл адреси за контакт на општинскиот веб-сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот