Врховниот суд на САД го поддржа Гугл во судскиот спор против Оракл

Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Врховниот суд на САД пресуди во корист на технолошкиот гигант Гугл во спорот за авторските права со Оракл во вредност од осум милијарди долари околу создавањето на оперативниот систем Андроид што се користи во повеќето паметни телефони ширум светот, јави Си Би Ес Њуз.

За да создаде Андроид, кој беше објавен во 2017 година, Гугл напиша милиони редови за да создаде нов компјутерски код. Но, исто така беа користени 11.330 линии на код и организација што е дел од платформата Јава на Оракл.

Гугл наведува дека она што го направија е одамна вообичаена практика во овој сектор, практика која е добра за технолошкиот напредок. Компанијата потенцира дека не постои заштита на авторските права за чисто функционален, некреативен компјутерски код, нешто што не може да се напише поинаку. Но, Оракл се жали дека Гугл извршил „невиден чин на плагијат”.

Шестмина наспроти двајца судии застанаа на страната на Гугл според нивното мислење на 62 страници. Повеќето судии сметаат дека компанијата не го прекршила законот за авторско право.

Судската постапка е стара една деценија.

Microsoft, IBM и други компании во овој сектор го поддржаа Гугл. Motion Picture Association и Recording Industry Association of America го поддржаа Оракл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот