ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло со пороен дожд попладне

Пензионери на кејот на Вардар во Скопје Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, вели Славчо Попоски во временската прогноза за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината денес времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени.

Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а на некои места има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени.

Ув-индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност, и во следните денови ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот