Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Фејсбук, Крешник Бектеши

Вреди: Кривичната пријава против Бектеши ги потврдува криминалите на ДУИ

Последната кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, за „опструкција на правдата“, која е извршена еден ден пред парламентарните избори, јасно и недвосмислено покажува дека партијата од која потекнува Бектеши била дел од „октопод“ на криминал, корупција и крадење на гласовите, велат од Коалицијата Вреди.

– Овој случај потврдува дека долгогодишното владеење на партијата на Бектеши донело не само до крадење од граѓаните, туку и вршење невиден притисок врз Албанците за да ја изразат својата слободна волја преку гласање – се вели во реакцијата.

Бектеши кривичната пријава против него ја оценува како политичко заплашување

Бектеши вчера на неговиот фејсбук-профил ја објави пораката што ја испратил до началникот на СВР Охрид, а кривичната пријава ја оцени како политичко прогонство и заплашување.

Фото: Крешник Бектеши / Фејсбук

Претходно реакција имаше и ДУИ. Тие оценија дека се работи за политички мотивиран „лов на вештерки“.

– Демократската унија за интеграција ги осудува политички мотивираниот „лов на вештерки“ кој е насочен кон нашиот поранешен министер за економија, Крешник Бектеши, и ДУИ како политичка организација. Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација на нашата партија и нејзините претставници. Во текот на минатиот месец се соочивме со бројни закани за животите на нашите пратеници и партиски функционери, покрај дневните лажни клевети – се наведува во реакцијата од ДУИ.

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го осудуваме политички мотивираниот „лов на вештерки“

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, доби кривична пријава бидејќи ден пред изборите во мај праќал командувачки пораки до началник во СВР Охрид.

Ова кривично дело предвидува минимална казна од една година затвор, а максималната, во зависност од тежината на делото и последиците може да биде до 5, 10 или повеќе години затвор.

Министерството за внатрешни работи ја објави оваа информација во дневниот билтен на 25 јули без да прецизира дека станува збор за поранешен висок функционер.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик – се вели во полицискиот билтен.

Според Бектеши, целта за ваквиот потег е одмазда за поразот што граѓаните ѝ го направиле на власта на 8 мај.

Кривична пријава против Бектеши – вршел притисок врз началник за време на изборите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот