Крешник Бектеши / Фото: Скриншот, Фејсбук

Бектеши кривичната пријава против него ја оценува како политичко заплашување

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, против кого е поднесена кривична пријава, реагираше преку објава на Фејсбук во која ја објави и пораката што му ја испратил на началникот на СВР Охрид.

– Секоја чест. Јаки сте. Срам треба да ви е да се занимавате со млади луѓе – стои во пораката.

Кривичната пријава против него ја оценува како политичко прогонство и заплашување.

– Политичко прогонство, целта на заплашувањето нема да ви помине! На 7 мај, како координатор на Европскиот фронт во Изборната единица 5, од Штабот на Европскиот фронт во Охрид добив информација дека на денот на изборниот молк, претседателот и членовите на Штабот биле контролирани од страна на СВР-Охрид, што е директна интервенција во изборниот процес од страна на СВР-Охрид – наведува Бектеши во објавата.

Според Бектеши, целта за ваквиот потег, како што вели, е одмазда за поразот што граѓаните ѝ го направиле на власта на 8 мај.

– Како Крешник Бектеши, секогаш ќе се грижам за граѓаните кои се во постојан обид за заплашување, како што се моите сонародници во Охрид, Ресен, Крушево, Долнен итн. И во тоа, ништо освен Бог не може да ме спречи – вели Бектеши.

Претходно реагираше и Демократската унија за интеграција која ваквите обвинувања против Бектеши ги оквалификува како неосновани.

– Демократската унија за интеграција ги осудува политички мотивираниот „лов на вештерки“ кој е насочен кон нашиот поранешен министер за економија, Крешник Бектеши, и ДУИ како политичка организација. Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација на нашата партија и нејзините претставници. Во текот на минатиот месец се соочивме со бројни закани за животите на нашите пратеници и партиски функционери, покрај дневните лажни клевети, стои во реакцијата од ДУИ.

Во МВР билтенот од 25 јули беше наведено дека СВР Охрид има поднесено кривична пријава против 39-годишен жител на Кичево за кривично дело „попречување на правдата“.

Кривична пријава против Бектеши – вршел притисок врз началник за време на изборите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот