Протест на вработените на Колска пред влада/Фото: МИА

Вработените од „Колска” излегоа на протест пред Владата

Вработените од фабриката за шински возила „Колска” денеска протестираат пред Владата, барајќи да се одблокира сметката на компанијата поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен за периодот од 2013 до 2017 година.

Тие вчера претпладне го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес.

Директорот на „Колска” Мите Јанков вчера во изјава за МИА истакна дека е потребно да се одблокира сметката за да можат да набават репроматеријали и да платат струја и други комунални трошоци.

– Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска” воопшто не плаќале ДДВ поради што направиле долг од околу 650 илјади евра. УЈП бара од „Колска” тој долг законски да се плати во рок од три години по 20 илјади евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега  ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ, изјави вчера Јанков.

Во моментот во работилницата на „Колска”  имаат 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат направени до Нова година. „Колска” е единствена фабрика со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Железници. Преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Железници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот