Вработен во Општина Тетово си го присвоил службениот телефон

Општина Тетово / Фото: МИА

Вработен во Општина Тетово доби кривична пријава откако си го присвоил службениот телефон од општината, кој му бил даден на користење, соопшти полицијата.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Во текот на 2022 година, пријавениот во својство на вработен во општина Тетово противправно присвоил мобилен телефон кој бил во сопственост на Општината“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот