ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Се забавувала седејќи на работ на ширум отворен прозорец, но изгубила рамнотежа: Приватна забава која се претворила во хорор
Колумбискиот пејач Енгел Мелоди Ренфиго објави вознемирувачко видео на кое се гледа како млада девојка додека пее и наздравува седејќи на работ на ширум отворен прозорец губи рамнотежа и паѓа од станбена зграда.
Препорачано
Ренфиго додека ги забавувал гостите на приватната прослава во Колумбија со неговите хитови ја снимал атмосферата со неговиот телефон.
Како што може да се забележи на видеото за време на прославата од сите присутни една девојка седи на работ на ширум отворен прозорец и ужива во забавата пеејќи, но неколку секунди подоцна таа губи рамнотежа и паѓа од вториот кат на станбената зграда.
Видеото покажува дека таа седела на работ на ширум отворениот прозорец, пеела и танцувала, па во еден момент изгубила рамнотежа и паднала на улицата.
Благодарение на брзата реакција на присутните девојката е жива, а тоа го потврдил и Ренфиго кој на социјалните мрежи навел дека девојката се здобила со неколку скршеници, но дека е надвор од животна опасност.
Девојката го контактирала и лично Ренфиго за да го извести дека е добра и дека се опоравува.


