Вознемирувачки: Украдени матични клетки кои човек ги транспортирал во германски воз

Вознемирувачка информација која е куриозитет во светски рамки се случила во Германија вчера, откако маж украл кутија во која биле транспортирани матични клетки.

Денеска добивме информација дека е украдена кутија со матични клетки од експресен воз во Германија, на пат кон Франција претходниот ден. Бевме информирани дека донаторот е подготвен повторно да донира и дека пациентот наскоро ќе го добие графтот. За доброто на инволвираниот донатор и пациентот, не можеме да соопштиме други детали во врска со овој инцидент, изјави за „Слободен печат“ професор доктор Мирко Спироски, основач на НФС – Дарителски регистар за матични клетки, Скопје. Овој регистар е дел од Светската асоцијација за дарители на матични клетки (World Marrow Donor Association) која е запознаена со инцидентот.

Медиумите во Германија известуваат дека вчера маж кој им бил познат на органите на прогонот од порано како сторител на кривични дела, украл кутија во која се транспортирале матичните клетки од воз во Дизбург, а федералната полиција подоцна ја пронашла кутијата оставена на станицата, но била празна.

Матичните клетки се одгооворни за формирањето на крвта во телото. Нивната трансплантација е особено важна во третманот на ракот на крвта. Наоѓањето донатор често е тешко за засегнатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот