Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните доколку ги сликне „Сејф Сити“

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, а доколку не може да се утврди кој точно возел, одговорноста ќе ја сносат шефовите на возниот парк, соопшти денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„Доколку возач помине на црвено или надмине брзина, казната нема да оди на сметка на претпријатието. Возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, за точно да знаеме кој управува во секој момент. Доколку не може да се утврди возачот, одговорноста ќе ја сноси шефот на возниот парк“, појасни Ѓорѓиевски.

Покрај сообраќајната дисциплина, градот ќе инсталира и специјални мерачи на гориво и ГПС-уреди. Системот веднаш ќе алармира доколку се забележи потрошувачка поголема за само еден литар, со цел, како што вели градоначалникот, да се спречат долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта од тешката механизација и автобусите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот