Вотфорд го отпушти Хрватот Славен Билиќ

Фото: watfordfc

Хрватскиот стратег Славен Билиќ доби отказ во Вотфорд, а на негово место дојде Крис Вајлдер.

Билиќ од англискиот второлигаш доби отказ откако помина помалку од половина година на клупата. Причина за отказот се лошите резултати, тимот се наоѓа на деветото место по 11-коло во првенството, додека амбициите беа пласман во Премиер лигата.

Во англискиот Чемпионшип првите две екипи директно обезбедуваат место во Премиер лигата, додека екипите од третата до шестата позиција играат плеј-оф. Билиќ никако не успеа да ја поправи формата на својот тим кој во последните осум првенствени натпревари победи на само еден.

Газдата на Вотфорд Џино Поцо е познат по тоа што често ги менува тренерите, па така Билиќ беше 17-тиот тренер на овој тим во 10 години. Од друга страна, Вотфорд за Билиќ беше седми клуб во кариерата, претходно ги водеше Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, Ал-Итихад, Вест Бромвич и Пекинг Гуан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот