Вооружен напад во џамија во Нигерија, убиени најмалку 16 верници

Нигерија полциија/ Фото EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Вооружени напаѓачи убиле 16 верници во една џамија во село во северна Нигерија и киднапирале неколку луѓе, изјави локален официјален претставник.

Нападот врз селото во државата Нигер вчера траел со часови, пренесува АП.

Десетици напаѓачи пристигнале со мотоцикли и дивееле низ селото, убивајќи луѓе кои се молеле во џамијата. Не е познато колку луѓе се киднапирани.

Полицијата потврди дека имало напад и дека се убиени девет лица, наведува АП и додава дека полицијата претходно била обвинета за намерно криење на бројот на жртвите во таквите напади.

Нападот е последен во ескалацијата на насилството во северозападна Нигерија, каде вооружени групи напаѓаат оддалечени населби, убивајќи и киднапирајќи жители за откуп.

Младите Фулани честа мета

Напаѓачите се претежно млади мажи од етничката група Фулани, кои традиционално се номадски сточари и се во повеќедецениски конфликт со луѓето од Хауса, кои се занимаваат со земјоделство, во главно поради водата и пасиштата.

Нигериските безбедносни сили се преокупирани повеќе од една деценија со борбата против исламските екстремисти во североисточниот дел на земјата. Во многу оддалечени населби во северна Нигерија, вооружените групи се бројно посилни од безбедносните сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот