Болница во Колумбија/Фото: EPA-EFE/Carlos Ortega

Вонредна состојба во Колумбија поради ширење на жолта треска

Колумбиската влада прогласи вонредна состојба низ целата земја доцна вчера поради зголемување на случаите на жолта треска.

Избувнувањето на вирусот резултираше со 74 потврдени случаи и 34 смртни случаи од почетокот на годината, изјави министерот за здравство на земјата Гиљермо Алфонсо Јарамило.

Жолтата треска е вирусна инфекција која се пренесува со каснување од комарец.

Јарамило истакна дека ситуацијата е најкритична во Толима, во централно-западна Колумбија, каде што се идентификувани 22 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот