Волт, Убер и Глово на удар од Европската унија

Убер/ Фото Artur Widak/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Земјите-членки на ЕУ одобрија привремен договор за значајна легислатива со која, за прв пат по дваесет и седум години, се регулираат условите за работа и вработување за работниците кои работат за дигитални платформи како што се Волт, Убер и Глово.

Законската регулатива за работниците кои работат на онлајн платформи воведува претпоставка за постоење на работен однос, а носи и поголема транспарентност во работата на платформите, објави „СЕЕ.биз.еу“. Откако до крајот не беше јасно дали членовите ќе го поддржат предлогот за директива за платформери, тој сепак доби доволна поддршка.

Условите ќе ги определи секоја членка посебно. Директивата исто така гарантира дека работниците на платформата не можат да бидат отпуштени врз основа на одлука донесена од алгоритам или автоматски систем за одлучување.

Платформите ќе треба да обезбедат дека важните одлуки кои директно влијаат на работниците се контролирани од луѓе. Со новите правила работниците ќе бидат подобро заштитени во областа на заштитата на личните податоци. Меѓу другото, на платформите нема да им биде дозволено да обработуваат одредени податоци, како што е размената на приватни пораки со колегите.

Студијата на Европската комисија од 2021 година покажа дека секторот за работа на платформи вработува повеќе од 28 милиони луѓе, а оваа бројка се очекува да порасне на 43 милиони до 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот