Војната во Украина се случува поради геј парадите, вели рускиот патријарх Кирил

Претседателот на Русија, Владимир Путин и Патријархот Кирил / Фото: ЕПА

Патријархот на Руската православна црква, Кирил, ги обвини либералните западни вредности, отсликани преку геј парадите, за руската инвазија на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари, оправдувајќи ја со „денацификација и демилитаризација“ на земјата.

За време на својата вчерашна богослужба, Кирил кажал дека војната е за тоа на која страна ќе биде човештвото во поделбата помеѓу поддржувачите на геј парадите, што западните влади ги дозволуваат и нивните противници во проруската источна Украина.

„Парадите на гордоста се направени да демонстрираат дека гревот е една варијација на човечкото однесување. Токму затоа, за да се придружите на клубот на тие држави, мора да имате геј парада“, кажал Кирил.

Според него, геј парадите се тест на лојалност кон западните влади – нешто што отцепените републики во Украина упорно го одбивале.

„Осум години имаше обиди да се уништи она што постои во Донбас. Таму децидно се одбиваат вредностите што денес ги нудат оние кои тврдат дека се светски сили“, рекол Кирил, кој смета дека војната во Украина е далеку поважна од политиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот