Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Војната го одложи и натпреварот на Партизан, 14 кошаркари не можат да се вратат во Европа

Тензичната ситуација меѓу Израел и Иран би можела да предизвика сериозни последици и во спортот, особено во Евролига.

Првиот човек на Партизан, Остоја Мијаловиќ, денеска соопшти дека натпреварот против Дубаи, кој требаше да се одигра во четврток во Белград, ќе биде одложен. Причината е јасна – тимот од Дубаи во моментов не е во можност да допатува во српската престолнина.

Според информациите со кои располага Мијаловиќ, во Дубаи моментално престојуваат 14 кошаркари од Евролигата, како и тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичијус. Кога станува збор за Партизан, на одмор таму се наоѓаат Дилан Осетковски, Двејн Вашингтон и Шејк Милтон.

„Нашите тројца кошаркари заминаа на одмор во Дубаи, како и многу луѓе кои во последните 10-15 години го гледаат Дубаи како врвна дестинација за одмор и забава. Тоа е нивно право, не можат да добиваат препораки каде да одат, а каде не“ – започна Мијаловиќ, објаснувајќи ја актуелната ситуација.

Тој дополнително појасни дека клубот е во постојана комуникација со играчите и дека тие се безбедни.

„Во овој момент, според нашите информации, во Дубаи се наоѓаат 14 играчи од Евролигата и еден тренер, Шарунас Јасикевичијус. Нашите тројца кошаркари се во постојан контакт со луѓето од клубот. Безбедносно се сигурни, сакам да се заблагодарам на Дубаи што им овозможи да тренираат додека се таму. Тие нема да летаат за Белград ниту денес ниту утре, така што натпреварот против Дубаи сигурно ќе биде одложен“, потврди претседателот на Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот