„Војна“ во Италија, Лацио контра министерот за спорт

Состојбата во Италија полека се подобрува, но фудбалскатата јавност станува се понервозна бидејќи не се знае кога ќе продолжи Серија А.

Италијанскиот министер за спорт, Виченцо Спадафора, вчера изјави дека здравствените работници го одбиле протоколот на фудбалската федерација на Италија за продолжување на сезоната во Серија А и дека ќе мора уште да се работи за да се врати фудбалот на терените.

Според планот, фудбалските екипи ќе може да се вратат на тренинзите на 18 мај, додека индивидуалнитес спортисти ќе запопчнат со тренинзи на 4 мај.

Денеска прв кој реагираше на ваквата одлука е Лацио кој е во мртва трка за титулата со Јувентус.

– Дискриминирани сме. Луѓето можат да трчаат по парковите, а ние не можеме да тренираме. Фудбалот е важен социјален фактор. Ние не сакаме да ги отвораме трибините туку само да ја завршиме сезоната. Останаа уште 12 натпревари, па да се зборува за претстојниот триумф е премногу. Покрај тоа, сакаме да ја играме оваа сезона за доброто на италијанскиот фудбалски систем. Не можам да објаснам зошто молчат вакви клубови како Јувентус и Интер – изјави спортскиот директор на Лацио, Игли Таре.

Одговорот дојде експресно од министерот Спадафора.
– Фудбалот е важен,но не е најважен. се ближи крајот на април, но не знаеме што ќе се случува со епидемијата. Наводите за некаква завера против фудбалот се смешни, секој што зборува така е смешен. Работиме на тоа да се дозволат тренинзите на екипите на 18. мај, но тоа не значи и продолжување на лигата – истакна Спадафора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот