Војна помеѓу мајка и ќерка: Луна и Анабела повеќе не комуницираат! (ФОТО)
Луна Џогани и нејзината мајка Анабела Атијас ги прекинаа сите контакти по финалето „Задруга“, па дури веќе и не се следат на социјалната мрежа Инстаграм.
Препорачано
Анабела се огласи на оваа тема и објасни што се случува, но Луна немаше ништо кажано се до вчера, кога гостуваше во емисијата „Народот прашува“.
– Таа ме блокираше на Инстаграм, а тоа го дознав преку медиумите. Не ја следев јас неа. Сфаќам дека тоа е нејзин бес. Ако сега така и одговара, тоа е тоа. Најверојатно и одговара да не ги гледа моите слики – рекла Луна.

Луна кажала дека по ваквиот потег на Анабела не и се јавила воопшто и нема да го стори тоа.
– Не сакам да ја барам, да ја прашам било што… Подобро да биде вака, не се слушавме ниту пред тоа. Нека ужива на одмор, нека плива… – додала Џогани.
На крајот истакнала дека е многу повредена со ваквиот потег, но дека ја разбира и дека ќе и даде време да помине и еуфоријата околу „Задруга“, а потоа сигурно ќе зборува со мајка си.
– Времето е најдобар лек за некои работи. Треба да помине време, тоа да се искрастилизира и некои работи да си легнат, а што се однесува до мене, јас би поразговарала со неа – изјавила Луна.


