„Војна на зборови“ меѓу фудбалските легенди Панчев и Пандев

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI/Vadim Ghirda

Двете најголеми македонски фудбалски легенди, Дарко Панчев и Горан Пандев влегоа во „војна на зборови„ по завршување настапот на македонската репрезентација во баражот за пласман на пласман на СП во Катар. Фудбалерите вчера загубија од Португалија со 2:0 во финалниот бараж напревар за пласман на Мундијалот, откако претходно во полуфиналето успеаја да ја победат Италија во Палермо со голот на Александар Трајковски, а настапот на „рисовите“ го коментираше најдобриот македонски фудбалер на 20 век, Дарко Панчев кој во интервју за „Аугсбургер Алгемајне“ го поткачи и Пандев.

Популарната „кобра“ рече дека селекторот Благоја Милевски треба веднаш да добие нов четиригодишен договор бидејќи е најдобриот селектор што Македонија го имала, додека репрезентацијата која беше предводена од Пандев загубила од Андоrа.

– Да сум претседател на ФФМ веднаш би му го продолжил договорот на Милевски и би му дал нов четиригодишен договор. Импресиониран сум од неговата работа и од концепт, посебно што претходно имаше одлична работа со младата репрезентација. За мене, тој е најдобриот селектор што досега го имала Македонија. Победите со Германија и Италија не може да се споредуваат, првата беше во квалификации, втората во плејоф, но без оглед на сѐ, тие две победи се голем белег и пресвртница во историјата на македонскиот фудбал. Придонесот на Горан Пандев за Македонија е неспорен. Не може да се заборави дека тој го даде голот со кој беше совладана Грузија и беше обезбеден настап на Европското првенство, ама не може да се заборави дека со него во тимот загубивме од Андора. Но, мислам дека сега фудбалери како Барди, Алиоски, Адеми може уште повеќе да се развиваат и тоа ќе биде одлично за понатамошните резултати на Македонија – рече меѓу другото Панчев за германскиот весник.

Одговорот дојде денеска од Пандев во изјава за „Фокус“.

– Немам што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и баражот за Мундијалот во Катар – рече Пандев за „Фокус“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот