Војна на богатите: Илон Маск „удри“ по Бил Гејтс

Илон Маск, основачот и извршен директор на Тесла, реагираше за сомнежите на Бил Гејтс во врска со одржливоста на електричните камиони.

Најновата „војна“ меѓу милијардерите се случи викендов кога тој остро реагираше на коментарите на коосновачот на Мајкрософт.

Илон Маск / Фото: EPA-EFE/ADAM S DAVIS

Маск очигледно е револтиран од неодамнешната објава на блогот „GatesNotes“ на 24 август, во која Гејтс пишува за големиот напредок што е постигнат кај електричните возила. Гејтс објаснува дека батериите стануваат поевтини и дека зголемената конкуренција ќе создаде поголем проблем при изборот на потрошувачите. Но, дури и ако опцијата за патување на кратки релации се развие во опција за подолги патувања „веројатно никогаш нема да биде практично решение за големите товарни камиони, бродови или патнички авиони“.

Бил Гејтс / Фото: Профимедиа

Гејтс објаснува дека проблемот е во тоа што батериите се големи и тешки и „Колку повеќе тежина сакате да пренесете, толку повеќе батерии ќе ви бидат потребни за напојување на возилото. Но, колку повеќе батерии користите, толку повеќе тежина додавате – а за тоа ќе ви треба повеќе енергија… Електричната енергија функционира кога станува збор за кратки растојанија, но ни треба поинакво решение за тешки, долги возила“.

Ова воопшто не му се допадна на Илон Маск, па ја прокоментира изјавата на Гејтс преку Твитер, одговарајќи на прашање од еден корисник. Иако неговиот одговор беше сосема краток – „Тој нема поим“, предизвика лавина коментари на оваа социјална мрежа.

Ова не е прв пат Маск да има негативни забелешки за Бил Гејтс.

Во февруари, Илон коментираше дека неговиот разговор со најбогатиот човек на светот е неинспиративен.

Несогласувањата почнаа откако Гејтс во едно интервју спомена дека купил електрично „порше тајкан“, а не „тесла“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот