Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Војдан Стојановски испишува нова страница во историјата на македонската кошарка

В понеделник, 2 март, од 17.00 часот, на гостувањето кај селекцијата на Азербејџан во претквалификациите за Евробаскет 2029, кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром и капитен на репрезентацијата, Војдан Стојановски, ќе влезе во историјата – како прв кошаркар со 90 настапи на официјални мечеви за Македонија.

Статистиката, онаа на Светската кошаркарска федерација, вели дека настапот против селекцијата на Луксембург, беше 89. за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација. Според ФИБА, во неа не се вклучени два натпревари, од ЕП, во 2009 година во Полска, кога Стојановски беше во составот на Македонија за средбите против репрезентациите на Германија и на Русија, но поради повреда, не влезе во игра.

Во секој случај, момент по кој што Стојановски се изедначи на првото место на вечната листа со Тодор Гечевски. Стојановски е речиси 20 години дел од националниот тим, не треба да се додава ништо освен тоа дека секогаш бил подготвен да го прифати репрезентативниот повик, без оглед на тоа кој бил во улога на селектор.

Еден од браќата Стојановски играше и на Евробаскетот во 2009, 2011, 2013 и 2015 година и сега е на прагот да стане рекордер и да испише нова страница во историјата на мак-баскетот.

Инаку, во овој момент, Стојановски е и четврти стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија. Со оние девет поени на мечот против Луксембург, стигна до бројката од 881 поен. И веќе на дуелот против Азербејџан може да го надмине Тодор Гечевски (застана на бројот 891) и да стане трет стрелец низ историјата.

Доколку го направи тоа, пред него ќе бидат само уште Врбица Стефанов, кој има 947 поени во дресот на националниот тим, и Петар Наумоски, кој низ репрезентативните настапи има комплетирано 1040 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот