„Воени лобисти“ ги минирале напорите на Турција за мир во Украина, вели Ердоган
Иницијативите за решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, вклучително и договорот за жито, претставени од Турција во Истанбул лани, наишле на противење од „лобистите за продолжување на конфликтот“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Препорачано
„Договорите за жито, размена на затвореници и други дипломатски напори кои започнаа со процесот во Истанбул, за жал, наидоа на противење на воените лобисти. Со ова лобирање се соочи и Турција. Ако истанбулските иницијативи беа прифатени како начин да се стави крај на конфликтот, немаше да има толку многу загуби и солзи“, рече тој.
Ердоган вели дека страните заинтересирани за продолжување на непријателствата вршат притисок врз Турција. Станавме цел на воени лобисти поради нашата избалансирана политика. Бевме под многу поголем притисок од оние на кои тоа не им се допадна. Како и секогаш, опозицијата ја користеа како лост за притисок, рече турскиот претседател.
Тој додаде дека и покрај ова, Анкара ќе продолжи со напорите и дијалогот со Москва и Киев.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


