Воен ветеран на смртна постела имал само ЕДНА ЖЕЛБА: Посетата која ја побарал на сите им предизвикала СОЛЗИ (ФОТО) – Слободен печат
ВестиПланета

Воен ветеран на смртна постела имал само ЕДНА ЖЕЛБА: Посетата која ја побарал на сите им предизвикала СОЛЗИ (ФОТО)

Воениот ветеран (69) моментално се наоѓа во болница, каде ги поминува своите последни денови, а имал само едно барање.

Јоркширски териер бил доведен во одделението во Медицинскиот центар за воени ветерани и полиција Рејмонд Г. Марфи, во Албукерки, за да може, најверојатно за последен пат, да го види својот сопственик.

Воениот ветеран (69) моментално се наоѓа во болница, каде ги поминува своите последни денови, а имал само едно барање – повторно да го види својот најдобар пријател и миленик, Пач.

– Го прашав дали постои нешто што му е значајно. Лесно го организиравме ова – рекла Ејми Нил, социјална работничка која се грижи за Џон, за Албукерки Џурнал.

Фото: Фејсбук

Таа истакнала дека за оваа болница работи веќе 15 години, а смета дека и било чест да му помогне на Џон.

Кога тоа утро го потсетила дека Пач му доаѓа на посета, старецот не можел да ја сокрие возбудата. Кога стигнал, го примил на гради и нежно го галел.

Фото: Фејсбук

Во остварување на желбата на војникот кој е на смртна постела учествувале и волонтери на  „Albuquerque Animal Welfare“, прифатилиште на кучиња кои рекле дека ова е прв пат да прават ваков гест.

– Кога го добивме барањето, знаевме дека мораме да ја исполниме таа желба, а патувањето помина добро. Пач беше тивок целиот пат, а кога влеговме во болницата не престана да лае. Како да знаеше дека повторно ќе го види Џон – кажал Дени Неварез, директор на прифатилиштето за кучиња во кое кучето се наоѓа.

Тој додал дека на кучето му пронашле нов дом полн со љубов.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close